Македонија е домаќин на Словачка во вториот меч од баражот за пласман на Светското првенство, меч закажан за вечерва од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Составот што го предводи Кире Лазаров беше убедлив во Прешов (31:24), но денеска ќе има задача со уште една квалитетна партија да стави печат и го потврди пласманот на уште едно големо натпреварување во низа.
Играчите ќе имаат голема поддршка од трибините затоа што РФМ информираше дека салата е распродадена.
-Интересот е огромен – арената е подготвена за вистински ракометен спектакл! Ви благодариме за неверојатната поддршка, денес сите заедно играме како едно!
-Вратите на СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат затворени во 18:30 часот, затоа пристигнете навреме и избегнете гужви на влезовите. Да ја создадеме атмосферата што ја заслужува Македонија, -порачаа од РФМ.







