Германските медиуми последниве денови се преполни со тврдења дека Мануел Нојер решил да се врати во германската репрезентација, односно селекторот Јулијан Нагелсман му ветил „број еден“ позиција и ќе го вклучи во составот за СП 2026.
Ваквите информации отворија дебата во германската јавност, а интересна реакција пристигнала од легендарниот голман Сеп Мајер.
Мајер е во деветтата деценија од својот живот, ретко се појавува во медиумите, но сега не можел да премолчи.
– Мислам дека непотребно се подигна премногу прашина на оваа тема и се прави непотребен театар.
– Ако сака да брани, нека брани и нема потреба да зборуваме за тоа.
– Медиумите исто така претераа со шпекулациите, предизвикувајќи тензија меѓу Нојер и Оливер Бауман. Нели Нојер се повлече од националниот тим, а Нагелсман изјавуваше дека Бауман е прв голман на репрезентацијата. Според мене тоа треба да го потврди и сега и да стави крај на темата, – рекол Мајер.







