Руни открил дека Пикфорд му ја повредил раката: Можеби ќе ми биде потребна операција

Дерби

17/05/2026

14:53

192

Големина на фонт

а а а

Вејн Руни вчера бил дел од екипата стручни коментатори на финалето на ФА купот, а зборувајќи на различни теми, открил и зошто му е бандажирана левата рака.

Поранешниот напаѓач заработил повреда снимајќи видео за „Би-Би-Си“ и обидувајќи се да му одбрани удар на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд.

– Застанав на голот на Евертон и се обидов да одбранам еден удар на Пикфорд.

– Успеав во тоа, но заработив повреда на раката. Во понеделник ќе го посетам мојот хирург за да утврдиме дали има потреба за оперативен зафат, – открил Руни.

– Боли, но ќе бидам добар, – потенцирал поранешниот напаѓач.