Репрезентативците летнаа за Словачка, се бара резултат за пласман на уште едно СП

Дерби

13/05/2026

12:52

404

Големина на фонт

а а а

Македонската сениорска ракометна репрезентација ја очекува двомеч со Словачка, бараж соочување за место на Светското првенство во 2027 година.

Првиот натпревар е закажан за утре од 19 часот во Прешов, додека реваншот е на програмата на 17 мај во 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ракометарите денеска летнаа за Словачка, односно е обезбеден чартер лет што е уште една позитивна работа за националниот тим кој потоа ќе треба соодветно да одговори на теренот.

Со репрезентацијата заедно е и првиот човек на РФМ, Александар Стефанов.