Реал Мадрид има две катастрофални сезони, две години во кои екипата нема освоено ниту еден трофеј, а што е уште потрагично екипата се распаѓа од внатре и за тоа говорат пресметките меѓу играчите во соблекувалната, несогласувањата, тензиите кои постојат и кои отвараат доста прашања.
И во ситуација кога клубот е во ситуација во која е претседателот Флорентино Перез наместо да ја бара вината кај себе, неговите соработници, потезите кои ги влечи тој на вчерашниот прес тргна да се пресметува со сите, да критикува новинарите, да ја напаѓа Барселона, да обвинува за украдени титули…а и најави дека ќе бидат одржани избори.
Многумна веќе тврдат дека Перез почнува да го губи компасот, па во неговите зборови, оправдувања не му веруваат ниту лица кои јавно признаваат дека се навивачи на Реал Мадрид, а се на високи позиции како Хавиер Тебас кој е прв човек на Ла Лига.
- Тажно е што човек како Флорентино Перез, со таков деловен углед и сè што направил за Реал, мора да се потпре на лаги и да кажува такви работи. Еднаш му одговорив на социјалните мрежи. Понекогаш вели дека сме им дале на медиумите 25 милиони евра, понекогаш вели 10 милиони. И тоа е лага. Дури дојдоа да ги проверат нашите сметки.
- Перез е човек кој сака да глуми дека е жртва и постојано тврди дека е прогонуван. Тој ја прошири оваа измама, па има и такви кои му веруваат. Јас сум навивач на Реал Мадрид, но понекогаш е неверојатно колку многу можат да лажат, - рече Тебас кој даде коментар за најавените избори во шпанскиот великан.
- Претседателот на Реал Мадрид ќе го направи она што смета дека е најдобро за клубот. Оставка и распишување избори не се меѓу неговите опции. Перез е претседател на клубот. Тој најдобро ја познава ситуацијата, - порача Тебас.






