Аргентинецот Фаустино Оро, кого често го нарекуваат „шаховскиот Меси“, стана вториот најмлад велемајстор во историјата на шахот на возраст од 12 години, 6 месеци и 26 дена.
Роден е на 14 октомври 2013 година во Буенос Аирес, а со шахот го запознал неговиот татко кога имал само седум години.
Многу брзо ги совладал основите на играта, покажувајќи извонреден талент. Напредувал неверојатно брзо. Имал само десет години кога го победил актуелниот светски број еден Магнус Карлсен во онлајн „bullet“ партија (една минута), а истата година станал и меѓународен мајстор.

Рекордот сè уште го држи Американец
На 11 години станал најмладиот шахист кој надминал рејтинг од 2.500 поени.
Во походот кон титулата велемајстор, првите две норми ги исполнил минатата година, а на „Aeroflot Open 2026“ Фаустино Оро бил на чекор до тоа да стане најмладиот велемајстор во историјата, но ја загубил клучната партија во последното коло.

Сепак, ја искористил шансата на големиот меѓународен фестивал на Сардинија, ја освоил третата норма и така станал вториот најмлад велемајстор во историјата на шахот.
Прв останува Американецот Абхиманју Мишра, кој велемајсторската титула ја освоил на возраст од 12 години, 4 месеци и 25 дена.







