Мануел Нојер веќе влезе во петтата деценија од животот, но тоа не е пречка за него како и за Баерн Минхен кој има огромна доверба во него и уште една потврда за тоа ќе добиеме во следниов период.
Имено Нојер и Баерн се на добар пат да ја продолжат соработката, поточно може слободно да се каже дека останува само официјална потврда на потписот според кој капитенот ќе остане на „Алијанц Арена“ до 2027 година.
Ману од 2011 година е член на „баварците“, клуб во кој пристигна од редовите на Шалке 04. Во овој изминат период тој испиша историја со Баерн, ги освои сите можни пехари, а со неговото искуство, знаење ќе се обиде да му помогне на клубот да направи нов голем резултат и во натпреварувачката 2026/2027.






