Ливерпул по крајот на оваа сезона останува без две значајни имиња Мохамед Салах и Енди Робертсон, листа која може дополнително да биде проширина.
Веќе некое време се говори за голманот Алисон Бекер и неговото потенцијално враќање во италијанскиот фудбал, а сега едно такво слично сценарио најави уште еден играч со долгогодишен стаж во клубот - Џо Гомез.
Дефанзивецот повеќе од една деценија е дел од премиерлигашот, има договор до 2027 година, но малата минутажа што ја добива може да го натера летово да си замине од „Енфилд Роуд“.
- Мислам дека сè може да се случи. „Не знам“ е искрениот одговор. Ми останува само уште една година, па не знам, но што и да е судено да биде, ќе биде, претпоставувам. Но, многу сум благодарен што го поминав овој период во овој клуб. Секогаш ќе бидам благодарен што поминав 11 години на место како ова. Сè што можам да направам е да бидам благодарен и ќе видиме, - порача Џо кој на крајот на месецов ќе го прослави 29 роденден.






