Гвардиола не им верува на судиите: Загубивме две финалиња…

Дерби

13/05/2026

12:18

217

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити го очекува меч со Кристал Палас, заостанат натпревар од 31. коло во Премиер лигата на кој ако фаворитот слави тогаш ќе дојде на само минус два од првопласираниот тим на табелата Арсенал.

Средбата се игра вечерва од 21 часот на „Итихад“, а пред истата менаџерот Пеп Гвардиола имаше интересна изјава за судиите и пред се ВАР системот кој во неделата му помогна на Арсенал да го освои целиот плен кај Вест Хем и на тој начин многу веројатно да го направи клучниот исчекор кон освојување на пехарот.

- Важен е мечот со Кристал Палас, а потоа ќе видиме што ќе се случи кога ќе стигнеме до следниот. Секогаш учев дека кога ќе изгубиш фокус, си во опасна ситуација. Само ние можеме да го направиме она што мораме да го направиме и да го направиме подобро. Тоа е само во наша контрола.

- Загубивме две финалиња на ФА Купот затоа што судиите не си ја завршија работата што требаше да ја завршат. Дури ни ВАР. Кога се случи ова, тоа беше затоа што ние мора да се справиме подобро. Не судиите. Никогаш не сум верувал во ништо [во ВАР] откако пристигнав одамна. Мора да го направите подобро. Направете го подобро. Ако сакате да бидете во таа позиција, направете го подобро затоа што мора да се обвинувате себеси.

- Тоа (ВАР) е вртење паричка. Морате да бидете подобри. Тоа е Кристал Палас, фокус, фокус и фокус. Секако, не е во наши раце во оваа Премиер лига. Секогаш им велев на играчите кога пристигнав тука и во Барселона и Баерн Минхен: „Момци направете го тоа подобро“. Друга е работата за изјавите и институциите кои го водат натпреварувањето, - порача Шпанецот.