Познатиот актер во младоста за малку ќе убиел човек: „Тогаш престанав да пијам“

Точка

12/05/2026

14:05

491

Големина на фонт

а а а

Џон Бернтал денес е актер со светска слава, препознатлив по улогите во сериите „The Punisher“ и „The Bear“, но и по бројни забележителни филмски настапи.

Сепак и покрај успехот што денес го ужива, Бернтал отворено рекол дека неговиот живот можел да тргне во сосема поинаква насока и тоа само една година пред улогата што го прослави.

Многу гледачи најмногу го паметат како Френк Касл, односно „The Punisher“, ликот што го отелотвори во сериите „Daredevil“ и „The Punisher“. Сепак, цела една генерација го запозна како Шејн Волш од серијата „The Walking Dead“.


Токму таа улога, која ја добил во 2010 година била голема пресвртница во неговата кариера. Но, само една година претходно Бернтал се нашол во сериозни проблеми со законот.

Судирот што променил сè

Актерот повеќепати зборувал за својата проблематична младост и склоноста кон тепачки, а на 17 години бил уапсен поради поседување дрога. Сè кулминирало во 2009 година со насилен инцидент по кој бил уапсен и се соочил со граѓанска тужба тешка два милиони долари.

Инцидентот се случил додека Бернтал го шетал својот питбул Бос. Според неговите зборови, непознат маж му пришол и го зграпчил кучето. Откако Бернтал си го вратил кучето, мажот заедно со своите пријатели почнал да го следи. Актерот тврди дека го удрил со тупаница во лицето дури откако тој одбил да се повлече. Ударот го нокаутирал.


Момент на одлука и втора шанса

Во интервју за „Esquire“ Бернтал открил дека полицајците, додека бил со лисици, му рекле дека ќе заврши во затвор „доживотно“ ако мажот што го удрил не се разбуди. Тој настан го опишал како пресвртница во својот живот.

„Знаев дека ако тој не се разбуди, одам во затвор и дека најлошиот дел од мене ќе ја преземе контролата“, рекол тој. „Се молев на кого било горе дека ако се разбуди, ќе ги променам работите, ќе се оженам, ќе имам деца и ќе престанам со бесот“, додал Бернтал.


Актерот на крајот добил три години условна казна, поради што не можел да снима филмови меѓу сезоните на „The Walking Dead“. Во поткастот „Armchair Expert“ рекол дека по тој настан престанал да пие.

Зборувајќи за неизвесноста додека не знаел дали мажот ќе се разбуди, рекол: „Тоа буквално беше најдлабокиот и најјасниот момент што некогаш сум го доживеал. Помислив: ’Во ред, ако тргнеш по овој пат, ова сега е твојот живот. Нема повеќе глума. Нема повеќе девојка … Мораш да станеш ѓавол‘“.

Бернтал рекол и дека смета оти бил „привилегиран“ бидејќи имал семејство што го сака и добро образование. Токму таа привилегија, како што тврди била „единствената причина“ поради која добил втора шанса.