Ова досега не е видено: Навивачите на Милан со телата испишаа порака за раководството на клубот преку цела трибина

Точка

11/05/2026

10:01

549

Големина на фонт

а а а

Навивачите на Милан, организирани во групата „Curva Sud“, жестоко протестираа против сопственикот на клубот Џери Кардинале и управата за време на натпреварот со Аталанта, кој „росонерите“ воедно го загубија со резултат 2:3.

Непосредно пред почетокот на натпреварот, најжестоките навивачи објавија долго соопштение во кое отворено побараа продажба на клубот, наведувајќи дека ова е Милан кој повеќе не го препознаваат. Исто така, за време на маршот кон стадионот „Џузепе Меаца“, развија голем транспарент упатен до извршниот директор Џорџо Фурлани со пораката: „Фурлани, заминувај“.

За време на самиот натпревар протестите продолжија, а навивачите со своите тела формираа натпис „GF OUT“, јасно таргетирајќи го Фурлани и раководството блиско до Кардинале. По третиот гол на Аталанта во 52. минута, трибината „Curva Sud“ почна забрзано да се празни во знак на протест поради слабата игра на екипата.

На мета на незадоволните навивачи се најде и Рафаел Леао, кој поради промашувањата во текот на натпреварот доби свирежи, особено при излегувањето од игра.

Спортскиот директор Игли Таре пред натпреварот порача дека навивачите имаат право да го изразат своето мислење и нагласи дека клубот мора да остане единствен во тежок момент, со обид да не се повторат грешките од минатото.