Фудбалерите на Барселона издвојуваа победа над Реал Мадрид од 2-0 во второто сезонско Ел Класико во Примера, победа со која каталонците и официјално се старо-нови шпански шампиони.
Избраниците на Ханси Флик ја имаа улогата на фаворити пред овој меч, а тоа го потврдија на теренот каде беа многу подобри од лутиот ривал.
Барса уште по 18 минути игра водеше со 2-0 со головите на Рашфорд од слободен удар и на Торес по одличната асистенција на Олмо.
Домаќините можеа да дадат уште некој гол ако беа пофокусирани во завршницата на акции, но и овој триумф беше доволен за да дојдат до 29. пехар во Ла Лига.







