[ВИДЕО] Емотивна објава на Марија и Бојан која ги разнежни сите: „Ај Кју со нов член...“

Точка

11/05/2026

09:30

639

Големина на фонт

а а а

Членовите на македонското музичко дуо Ај Кју, Бојан и Марија, споделија прекрасна и емотивна вест што ги разнежни нивните фанови – наскоро ќе станат родители.

Среќната новост ја открија на свој препознатлив, креативен и симпатичен начин. Марија на социјалните мрежи објави видео со духовит опис: „@eyecueofficial со нов член? Да не треба уште некој тест?“, со што веднаш предизвика лавина од реакции и честитки.


Во видеото, покрај хумористичниот пристап кој е карактеристичен за нив, вниманието го привлече и трудничкото стомаче на Марија, со што јасно ставија до знаење дека во нивниот дом наскоро пристигнува најубавата животна улога – родителството.


Објавата за многу кратко време беше преплавена со честитки, срца и убави пораки од нивните следбеници, колеги и пријатели, кои им посакаа многу љубов, здравје и незаборавни моменти во периодот што им претстои.


Инаку, Ај Кју со години се едно од најомилените и најпрепознатливи музички дуa на домашната сцена, а сега, покрај музичките успеси и сценските настапи, започнуваат и едно ново, најемоционално поглавје во нивниот живот – она на мама и тато.