Имаме доста Македонци кои настапувале во Германија, но најголема трага од сите нив има оставено Николче Новески.
Поранешниот македонски репрезентативец скоро две децении играше фудбал во оваа земја, почна во Ханза Рошток, продлжи во Ауе за да потоа премине во Мајнц 05 каде мина најголем дел од кариерата.
Битолчанецот овде се задржа 11 години и сосема заслужено има статус на легенда. Тој беше и капитен на екипата, а дека Мајнц воопшто не го заборава Македонецот се гледа по последниот потег во кој бундеслигашот му посвети дел од стадионот на дефанзивецот.
- Легенда - напишаа од германскиот прволигаш.







