Британскиот разурнувач „HMS Dragon“ се префрла кон Блискиот Исток поради зголемени тензии околу Ормутскиот теснец

Макфакс

09/05/2026

16:46

203

Големина на фонт

а а а

Британскиот воен брод „HMS Dragon“ се префрла од источниот Медитеран кон Блискиот Исток, во услови на зголемена загриженост за безбедноста на бродскиот сообраќај низ Ормускиот теснец.

Од британското Министерство за одбрана соопштија дека ова распоредување ќе овозможи бродот веднаш да се вклучи во евентуална заедничка меѓународна мисија за заштита на слободата на пловидбата низ една од најважните светски поморски рути.

Во соопштението се нагласува дека секоја идна операција би имала исклучиво одбранбен карактер и цел да ја зголеми сигурноста на трговските бродови кои минуваат низ регионот.

Во март, истиот разурнувач беше ангажиран во источниот Медитеран за заштита на британските воздухопловни бази на Кипар, по напад со дрон врз базата RAF Akrotiri.