По 12 години, знамето на ЕУ повторно ќе се вее над унгарскиот парламент

Макфакс

09/05/2026

16:43

152

Големина на фонт

а а а

Новата претседателка на Унгарски парламент, Агнеш Форстхофер, денеска најави дека знамето на Европска Унија повторно ќе биде поставено на зградата на парламентот во Будимпешта, по пауза од 12 години.

„Наредувам од денес, по дванаесет години, знамето на Европската Унија повторно да се вее над зградата на унгарскиот парламент“, изјави Форстхофер по изборот на конститутивната седница на парламентот, каде доби поддршка од 193 од вкупно 199 пратеници.

Таа оцени дека ова е „прв симболичен чекор“ кон враќањето на Унгарија кон Европа.

Одлуката доаѓа во период на политички промени во Унгарија, откако проевропскиот конзервативец Петер Маѓар победи на парламентарните избори против долгогодишниот премиер Виктор Орбан.

По изборната победа, улиците на главниот град беа исполнети со прослави, музика и танцување, а очекувањата од новата власт се големи. Маѓар во кампањата вети „промена на режимот“, борба против корупцијата и враќање на демократските стандарди, за кои неговите поддржувачи сметаат дека биле нарушени за време на 16-годишното владеење на Орбан.

Покрај политичките промени, новата власт ќе треба да се справи и со економски проблеми, меѓу кои стагнација на економијата и влошување на јавните услуги.