Филипче: Организираната криминална група на Мицкоски ја држи државата изолирана од Европа

Макфакс

09/05/2026

15:08

137

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, положи цвеќе пред споменикот „Ослободителите на Скопје“.

Во изјава за медиуми, Филипче порача дека денеска Македонија можела да има многу повеќе причини за славење, но, според него, Мицкоски, ја држел државата изолирана и далеку од европските вредности и реформи.

„За жал не води организирана криминална група на чело со Христијан Мицкоски, која што сака земјава да биде во изолација, да биде слепо црево во Европа, да нема реформи, да нема европско правосудство, да нема европски судии и обвинители, да нема богати и среќни граѓани. За жал, земјава ја претворија во Венецуела на Балканот“, рече Филипче.