Најпровокативната навивачка на Баерн се огласи пред мечот со ПСЖ и со фотографиите ги воодушеви сите

Точка

06/05/2026

20:07

1.038

Големина на фонт

а а а

Сосема неочекувано, Баерн оваа пролет ја доби најатрактивната навивачка во ликот на инфлуенсерката Саманта, која „преку ноќ“ стана планетарно популарна.

Причината за тоа е потегот што го направи за време на натпреварот меѓу Баварците и Аталанта, кога на необичен начин испи пиво и во голема мера го воодушеви машкиот дел од публиката.

И не само поради пивото, туку и поради атрактивниот изглед што го покажуваше дури и на трибините. Сепак, овојпат нема да биде на „Алијанц Арена“, но останува покрај клубот барем преку социјалните мрежи.

Таа се огласи од Мадрид во опрема на германскиот клуб и порача:

„Дури и во Мадрид, јас го претставувам Баерн!“

Инаку, нешто претходно на социјалните мрежи изјави:

„Навивам за Баерн уште од кога бев девојче и пресреќна сум што гледам толку многу нова енергија околу клубот“, порача фаталната русокоса.