Нејмар јавно му се извини на синот на Робињо: Ги загубив нервите, но такви работи се случуваат во фудбалот

Дерби

06/05/2026

16:00

221

Големина на фонт

а а а

Сантош ремизираше со Реколета во Копа Судамерикана и одигра 1:1 на гостувањето, а единствениот гол за бразилскиот тим го постигна Нејмар.

Главната ѕвезда на Сантош ја искористи оваа прилика за да го прегрне Робињо Жуниор и да ги расчисти недоразбирањата кои ги имаше со него, но по натпреварот реши и јавно да му се извини на синот на Робињо.

Нејмар стана топ тема во Бразил поради инцидентот на тренингот во кој решил да го истепа тинејџерот, но откако сфатил каква глупост направил, најпрво лично му се извинил на младиот фудбалер, а сега и јавно пред сите.

– Тоа требаше да го решиме меѓу нас, а не да стане јавна тема. Стануваше збор за обично недоразбирање на тренинг и мојата реакција беше претерана. Си се извинивме еден на друг после тоа, разговарав со Робињо Жуниор во соблекувалната. Тоа е момче кон кое имам посебни симпатии, но вакви работи се случуваат во фудбалот. Во фудбалот може да се раскарате со својот брат, со пријателот. Сум се расправал со голем број пријатели поради фудбал.

– Знам дека медиумите чекаат јавно извинување, па еве го. Му се извинив лично на него и неговото семејство, еве сега и јавно му се извинувам. Ги загубив нервите, но сите грешат. И тој направи грешка, но мојата беше поголема. Се извинив за постапката пред целиот тим, но и тој го направи тоа. Се е решено меѓу нас, но на јавноста и одговара да претерува со реакциите, – изјави Нејмар.