И денес љубителите на автомобилизмот со носталгија се сеќаваат на дуелите на двајцата врвни возачи.
Аиртон Сена и Ален Прост. Мистичниот Бразилец против пресметливиот Французин.
Дуелите на Аиртон Сена и Ален Прост во осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век ја одбележаа „Формула 1“.

Трагедија што ја потресе планетата
Неодамна се одбележа годишнината од смртта на Сена. Поминаа 32 години од загинувањето на еден од најголемите возачи во историјата на „Формула 1“. Тоа беше трагедија што го потресе светот. Бразилецот, возејќи со брзина од 211 км/ч, удри во бетонски ѕид.
Во текот на својата кариера, Аиртон Сена имаше голем ривал во ликот на Ален Прост. Бразилецот и Французинот беа целосни спротивности во сè – од начинот и стилот на возење, па сè до приватниот живот. Нивното ривалство започна во мај 1984 година.
Градската патека во Монако, улиците на Монте Карло. Дожд, поточно вистински порој за време на трката. А на патеката, тогаш малку познатиот Бразилец претекнуваше ривал по ривал. На хоризонтот беше Ален Прост, кој водеше.

Професорот на патеката
Но, Ален не го доби случајно прекарот „Професор“. Разумно побара трката да биде прекината поради лошите временски услови. Организаторите го послушаа. Лутиот Аиртон стоеше на подиумот. Победата беше толку блиску, но му избега.
А колку само беа различни Аиртон Сена и Ален Прост? Многу. Двајцата најталентирани возачи на осумдесеттите години од минатиот век, со целосно различни пристапи. Очајничка страст против ладен и стратешки совршен ум.

Пресвртната 1988 година
Додека Сена се прилагодуваше на својата нова улога во скромниот „Лотус“, Прост двапати доминираше во „Мекларен“ со турбо моторот на „Хонда“. Најдобриот тим во тоа време. А во 1988 година, челниците на „Мекларен“ се одлучија за несекојдневен потег. Но, маркетиншки оправдан – го ангажираа Аиртон Сена.
Тоа беше врвот на тимот „Мекларен“. Нешто за што денес можат само да сонуваат, иако во екипата ги имаат Ландо Норис и Оскар Пјастри. Ален Прост како двократен шампион и брилијантниот талент во ликот на Аиртон Сена! Две идни легенди. Тандем што изгледаше како ноќна мора за конкуренцијата.
Suzuka, 1989. 🔥
— Ayrton Senna 🇧🇷 Tribute (@F1_AyrtonSenna) March 29, 2026
Rare amateur footage - packed with action and key moments.
A different angle of Ayrton Senna being helped by marshals to rejoin the race, as Alain Prost walks away after the collision. https://t.co/nhdbvpZdTJ pic.twitter.com/rujXgVkXX8
Двајца целосно различни возачи
Најинтересното во целата приказна е што токму Ален инсистирал на доаѓањето на Аиртон. И подоцна зажалил поради тоа. Бразилецот стана светски шампион веќе следната сезона.
Врвот на нивното ривалство беше виден во наредните две сезони – 1989 и 1990 година. Тогаш се случија и двата најголеми инциденти меѓу Бразилецот и Французинот. Првиот се случи во Јапонија, каде што Сена и Прост се судрија. Тогаш беа тимски колеги. Аиртон се обиде премногу агресивно да го претекне Прост, но Ален го блокираше.
Французинот се повлече сакајќи да избегне судир, но Бразилецот продолжи. Заврши како прв. Сепак, беше дисквалификуван поради заобиколување за време на инцидентот, бидејќи тоа го направил на неправилен и неспортски начин. Иако не стекнал никаква предност. Сена беше бесен. А тие недели светските медиуми пишуваа само за тоа.
🏎 #OnThisDay in 1989: McLaren teammates Ayrton Senna and Alain Prost collided at Suzuka, with Prost winning the World Championship as a result...pic.twitter.com/tZcs21osv2
— The Sportsman (@TheSportsman) October 22, 2023
Инцидентот во Јапонија
Во 1990 година повторно Големата награда на Јапонија и нов инцидент меѓу двајцата. Аиртон водеше, а доколку заедно со Прост се откажеше од трката, тоа ќе му беше доволно за да ја обезбеди титулата. Ален тогаш веќе возеше за „Ферари“. И уште во првиот свијок, Бразилецот удри во својот ривал. Намерно. Без милост, со јасна намера. Едноставно се заби во болидот на Прост и тоа беше крај.
Потоа ривалството почна да слабее. Аиртон ја освои својата трета титула во 1991 година, но перформансите на болидот на „Мекларен“ значително опаднаа. Прост, во меѓувреме, имаше долг конфликт со неконкурентниот „Ферари“ и воопшто не се натпреваруваше во 1992 година. Аиртон Сена реши да премине во „Вилијамс“, кој со моторот на „Рено“ ја градеше идната доминантна екипа.

Никогаш повеќе такво ривалство
За жал, за Бразилецот следуваше трагедијата во Имола. Аиртон Сена загина и замина во вечноста. Ален Прост денес има 71 година, не е активно вклучен во „Формула 1“, но неговите зборови и понатаму се ценат и почитуваат, иако ретко гостува на телевизија и патува низ светот.
Никогаш повеќе не се повтори ривалство какво што имаа Аиртон Сена и Ален Прост. Михаел Шумахер имаше големи ривалства со Дејмон Хил, Жак Вилнев и Мика Хакинен, Луис Хамилтон со Нико Розберг, Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо, претходно Ники Лауда со Џејмс Хант, Најџел Менсел со Нелсон Пике, Хуан Мануел Фанџо со Алберто Аскари … Но ниту едно ривалство не беше како она што го имаа Аиртон Сена и Ален Прост.


















