Мораеш: Вардар уште еднаш го покажа она што сите го знаат во Европа!

Дерби

06/05/2026

15:00

385

Големина на фонт

а а а

Рожерио Мораеш своите најдобри играчки денови во ракометот му ги посвети на Вардар и освои две титули во Лигата на шампиони, а сега во поодминати ракометни години, се врати во Скопје за да биде ривал на „црвено-црните“.

Мораеш втора година по ред е незаменлив во тимот на Монпелје и вчера беше еден од играчите кои водеше жестока битка со ракометарите на Вардар во „Јане Сандански“, но откако повторно го искуси „вулканот“ кој е добро препознатлив за сите во Европа, Бразилецот не штедеше комплименти за македонската публика.

Вардар победи на реваншот со 27:24, но поради тешкиот пораз од десет разлика во Франција, остана без шанси за настап на Ф4 турнирот во Европската лига на ЕХФ.

– Ова беше тежок натпревар, знаевме дека ќе биде многу тешко за нас. Јас ја познавам атмосферата во Скопје, навивачите секогаш се со тимот, без оглед на околностите.

– Повторно беа фантастични, Вардар и го покажа на Европа она што сите го знаат, а тоа е дека тука има фантастична атмосфера. Што се однесува до натпреварот, ние имавме добра позитива од првиот меч и успеавме да ја одржиме таа дистанца. Имавме проблеми, нивните голмани се разбранија и правевме доста грешки во една фаза од мечот, но успеавме да најдеме пат да се вратиме и се изборивме за место на Ф4, – изјави Мораеш.