Искрена исповед на „Фиби“ - сценаристите на „Пријатели“ фантазирале за Џенифер и Кортни, ги понижувале актерите: „Се случуваше зло зад камерите“

Кармин

04/05/2026

10:47

746

Големина на фонт

а а а

Лиса Кудроу изјави дека била малтретирана од машки сценаристи за време на снимањето на серијата „Пријатели“.

„Сценаристите беа строги кон актерите за грешки и дискутираа за сексуални фантазии за колешките“, изјавила Лиса.

Лиса Кудроу неодамна за „Times of London“ изјавила дека во текот на нејзините десет сезони во ситкомот на „NBC“, морала да се соочи со некои „лоши работи“ од сценаристите на серијата „Пријатели“, кои биле „претежно мажи“.


Кудроу, која ја играше невината Фиби Буфе, изјавила дека сценаристите ги опоменувале актерите што ги забораваат своите реплики и го поминувале слободното време фантазирајќи за нејзините колешки.

„Дефинитивно се случуваше некое зло зад сцената“, изјавила Кудроу.

Сексуалните фантазии за Џенифер и Кортни

„Не заборавајте дека снимавме пред публика од 400 луѓе, и ако згрешевте една од тие сценаризирани реплики или не добиете совршен одговор, тие можеа да речат: „Не може ли кучката да чита? Таа дури и не се обидува. Таа ја згреши мојата реплика.“

Таа додаде дека во собата за сценаристи, „момците останувале будни до доцна навечер зборувајќи за своите сексуални фантазии за Џенифер (Анистон) и Кортни (Кокс).

„Беше интензивно“, изјавила таа за „Times“.

Кудроу го опишала третманот на сценаристите кон актерската екипа како „брутален“, но рекла дека не обрнала многу внимание бидејќи поголемиот дел од нивното несоодветно однесување се случувало зад затворени врати.


„О, можеше да биде навистина брутално, но овие момци - а таму беа претежно мажи - беа будни до 3 часот наутро обидувајќи се да напишат сценарио за серијата, па мојот став беше: „Кажувајте што сакате за мене зад мојот грб затоа што тогаш нема да има врска“, рекла таа.

Асистентката поднела тужба

Однесувањето на сценаристичкиот тим на „Пријатели“ беше разоткриен од Амани Лајл во раните 2000-ти. Лајл, која работела на серијата во 1999 година за време на шестата сезона, поднела тужба против „Worner Bross“ поради однесувањето во собата на сценаристите.

Во својата тужба, таа тврдела дека сценаристите на „Пријатели“ често давале сексистички и расистички коментари и дека, како асистентка за пишување, била принудена да си води белешки за сè што се зборувало во собата. Случајот на крајот стигнал до Врховниот суд, кој пресуди против Лајл откако одлучиле дека грубото однесување е неопходен дел од работната средина.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk