Грешка која речиси сите ја правиме при перење алишта: Оваа температура троши многу повеќе струја, а не дава подобри резултати

Кармин

30/04/2026

15:17

644

Големина на фонт

а а а

Колку пати сте ја наполниле машината за перење алишта, сте ја наместиле на програма на 40 степени и сте биле сигурни дека ја правите вистинската работа?

Тоа е навика на поголем дел од луѓето, меѓутоа токму во таа рутина се крие една од најчестите грешки која секој месец може да ве чини повеќе отколку што мислите.

Вистината е едноставна – пониската температура често дава ист ефект, но трошите значително помалку енергија.


Зошто 30 степени е почесто подобар избор од 40 степени Целзиусови?

Иако 40 степени се смета за стандард, перењето на 30 степени троши дури околу 38 отсто помалку енергија, а во многу случаи дава речиси исти резултати.

Тоа значи дека поголем дел од секојдневната облека – маици, кошули, лесно носена гардероба, не бара повисока температура.

Освен заштеда, перењето на 30 степени Целзиусови има една важна вредност, ја чува бојата и влакната на облеката, па таа подолго време ќе изгледа како нова.

Кога е доволно и на 20 степени Целзиусови

Ако облеката е малку валкана, дури и перењето на 20 степени Целзиусови може да биде целосно доволно.

Оваа опција е особено корисна за чувствителните материјали како свила, волна и чипка, но и за сите кои сакаат дополнително да заштедат затоа што со намалување на температурата од 40 на 20 степени потрошувачката на енергија може да се намали и до 62 степени.

Сепак, треба да знаете дека пониската температура не е идеална за отстранување тврдокорни дамки.

Кога да ја зголемите температурата

Постојат ситуации кога пониската температура не е доволна:

40 степени – за тврдокорни дамки и стандардно валкани алишта;
60 степени – за пешкири, постелнина и работи кои бараат подобра хигиена;
90 степени – само за исклучително издржлива ткаенина и специфични случаи.

За отстранување бактерии перењето на 60 степени е оправдано и тоа со квалитетен детергент.


Најголема грешка – перење по навика

Најчестата грешка не е изборот на температура туку во тоа што бираме да го правиме автоматски.

Секое парче облека има свои потреби, а вистинскиот избор зависи од материјалот и степенот за флеки.

Заклучок:

20 степени – за малку валкана и чувствителна облека;
30 – најдобар баланс меѓу чистотија и заштеда;
40 – за поголеми флеки;
60+ - за хигиена и бактерии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk