Навивач падна од трибина на натпревар во Гостивар, пренесен во Ургентен центар

Макфакс

03/05/2026

13:09

183

Големина на фонт

а а а

Триесетгодишен маж од Куманово бил повреден откако паднал од трибина за време на фудбалски натпревар во Гостивар, соопшти МВР.

Инцидентот се случил на Градскиот стадион во Гостивар за време на натпреварот меѓу ФК Башкими од Куманово и ФК Вардар од Скопје.

Според информациите, Ф.Р. паднал од трибината, по што бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар за укажување медицинска помош.