[ВИДЕO] Трамп: Запленуваме бродови и товар, ние сме како пирати

Макфакс

02/05/2026

16:28

463

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека американската морнарица дејствува „како пирати“ додека ја спроведува поморската блокада на иранските пристаништа во американско-израелската војна против Иран.

Трамп така ја опиша неодамнешната заплена на брод од страна на американските сили.

„Го презедовме бродот, го презедовме товарот, ја презедовме нафтата. Тоа е многу профитабилна работа“, изјави Трамп.

„Ние сме како пирати. Малку сме како пирати, но не си играме.“

САД запленија повеќе ирански пловила и санкционирани товарни бродови откако тие ги напуштиле иранските пристаништа, додека Иран од почетокот на војната блокира речиси сите бродови што минуваат низ Ормускиот Теснец, освен сопствените.

Војната дополнително ги зголеми цените на нафтата и доведе до блокада на Ормускиот Теснец – клучен поморски коридор низ кој минуваат околу 20 проценти од глобалните испораки на нафта и течен природен гас.

Трамп се соочи и со критики поради своите изјави за конфликтот, вклучително и заканите за уништување на иранската цивилизација и најавите за можни напади врз цивилна инфраструктура.