Маж претепан во Кисела Вода по расправија, нападнат и со кундак од пиштол

Макфакс

03/05/2026

13:07

226

Големина на фонт

а а а

Триесет и шестгодишен скопјанец бил физички нападнат од три лица по расправија на подрачјето на Кисела Вода, соопшти МВР.

Според пријавата, инцидентот се случил околу полноќ кога Р.Д., додека се движел со своето возило „БМВ“, бил запрен од Ј.А., кого го познавал, по што меѓу нив настанала расправија и физичка пресметка.

Откако подоцна повторно се вратил на местото, Р.Д. повторно бил нападнат – овојпат од Ј.А., М.А. и Е.Н., при што М.А. го удрил со кундак од пиштол.

Повредениот бил пренесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.