[ВИДЕО] Снимка од напнат момент меѓу Меланија и Доналд Трамп предизвика реакции: „Не сака да има ништо со него и веќе не го ни крие тоа“

Точка

30/04/2026

13:15

983

Големина на фонт

а а а

Снимката на Доналд Трамп и Меланија Трамп од вечерата организирана во Белата куќа во чест на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила привлече внимание кај корисниците на социјалните мрежи. Таа му дала до знаење дека не сака да го држи за рака.

Додека позирале, и двајцата делувале напнато. Во еден момент Меланија ја пуштила неговата рака, а потоа „кисело“ им се насмевнала на присутните фоторепортери.

Подоцна Доналд повторно посегнал кон неа и накратко ги испреплетоа прстите. Многу корисници на социјалните мрежи сметаат дека е очигледно дека таа не го поднесува.

„Дефинитивно е време да се разведат“, „Не сака да има ништо со него и веќе не го ни крие тоа“, „Какво понижување за Трамп“, се некои од коментарите на „X“.


Трамп им оддаде почит на своите покојни родители при поздравувањето на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила во Белата куќа, истакнувајќи ги врските на неговата мајка со Обединетото Кралство.

„Беа во брак 63 години и – извинете, ако не ви пречи, тоа е рекорд што нема да можеме да го достигнеме, драга. Жал ми е, едноставно нема да биде така – добро ќе се снајдеме, но нема да се снајдеме толку добро, 63 години“, ѝ рече на Меланија.