Телефонот се остава на влезот: Отворено кафуле за дигитална детоксикација

Точка

30/04/2026

10:36

417

Големина на фонт

а а а

Виена доби едно уникатно кафуле каде нема мобилни телефони и други уреди кои го одвлекуваат вниманието.

Поп-ап кафулето „Offline Oida“ посветено на дигиталната детоксикација, ги повикува сите заинтересирани на „исклучување“ секоја сабота и недела од 10:00 до 18: часот.

Трендот на дигитален детокс станува сè позначаен. Додека нашето секојдневие е обележано со постојана достапност, скролање и дигитална преоптовареност, расте желбата за реални средби и тишина.


„Offline Oida“ токму тука ја наоѓа својата цел. Се работи за место за искрени разговори, заеднички искуства и време без екрани.

На влезот од гостите се бара да ги исклучат своите телефони, да вклучат авионски режим или телефонот да стават на нечуен режим, или пак по желба да ги остават во заклучени шкафчиња (прегради) – како свесна одлука неколку часа да го напуштат дигиталниот свет. Наместо тоа се водат реални разговори, доаѓа до моменти на тишина или пак се раѓаат нови познанства – без никакви попречувања.


Намерно поедноставената понуда од кафе, чај и домашни колачи го избегнува стресот и остава простор за она најважното. Во соработка со библиотеката на градот Виена уредена е зона за опуштање со книга, додека клубот на игри „Paradice Wien“ организира аналогни игри и редовни викенд-денови на играње. Дополнително, на секој час се одржува кратка, доброволна пауза за дишење како заеднички момент на здивнување.


Иницијаторот Кристоф Томан истакнал: „Да се биде офлајн е новиот луксуз. Со „Offline Oida“ создаваме простор за реални средби во сè побрзиот свет. Место кое го олеснува заедничкото офлајн искуство, овозможува ментално растоварување и ја зајакнува социјалната поврзаност“.


Овој локал, сместен во зградата на некогашната централна млекарница „Alpenmilchzentrale“, е веќе познато по својата модерна интерпретација на австриската кујна и опуштената атмосфера, што го прави идеално место за концептот на дигитален одмор.