Ширер прогнозира: Лидс ќе го „дотепа“ Челси, Арсенал ќе се разбуди, Тотенхем ќе ја забележи првата победа во 2026 година

Дерби

24/04/2026

15:45

159

Големина на фонт

а а а

Англија во наредниве денови ќе ни понуди премиерлигашки фудбал, но и полуфинални средби во ФА Купот што значи дека пред навивачите се интересни пресметки.

Легендарниот Алан Ширер, човекот кој се уште е најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата и овојпат доби можност да даде свое мислење и да ги прогонизира сите мечеви кои се на програмата.

Некогашниот ас на Њукасл очекува Арсенал да се разбуди и се врати на победнички патеки, но и верува дека Тотенхем конечно ќе дојде до славје во ПЛ во 2026 година и тоа на гостувањето кај „волците“.

Воедно тој верува дека ќе имаме изненадување во ФА Купот и Лидс ќе го елиминира Челси што би било уште еден тежок удар за „сините“.

Типови на Ширер:

Сандерленд-Нотингем Форест X

Фулам-Астон Вила 2

Ливерпул-Кристал Палас 1

Вест Хем-Евертон X

Вулверхемптон-Тотенхем 2

Арсенал-Њукасл 1

Манчестер Јунајтед-Брентфорд 1

ФА Куп:

Манчестер Сити-Саутемптон 1 (победа на Сити)

Челси-Лидс 2 (триумф на Лидс)