Премиерлигашот Челси е во потрага по нов тренер откако во оваа сезона се ослободи од Енцо Мареска и Лиам Росениор.
„Сините“ со привремено решение ќе ја одработат натпреварувачката 2025/2026 до самиот крај, но веќе се поставува прашањето што понатаму и кој ќе седне на жешкото столче.
Веќе се лицитира со имиња во англиската јавноста и засега најдобро стојат Андони Ираола и Сеск Фабрегас, но според поранешниот играч на Челси, Вилијам Галас подобро решение во овој момент би бил некое поквалитетно, подокажано име и го издвои Диего Симеоне.
- Мислам дека сè зависи од тоа што барате. На долг рок, можете да го доведете Сеск Фабрегас бидејќи во моментов добро се справува со својот клуб. Тој е млад и способен да разговара со млад тим. Тој врши добра работа. На долг рок, тој може да го врати Челси на позициите каде што сите сакаат да го видат Челси.
- Ако размислувате за краткорочно, за да имаат успех веднаш, им е потребна таа искусна глава да ги води како Диего Симоне, а со неговата личност може многу брзо да освојува трофеи со Челси. Можеби и играчите на Челси имаат потреба од него, бидејќи треба да видиме повеќе воини и војници во тимот по она што ни го покажаа.
- Мислам дека ви е потребен таков тип менаџер кој е малку построг кон играчите, - порача Галас кој мина пет години на „Стемфорд Бриџ“.







