[ВИДЕО] Стенли Тучи: Престанете да носите облека за теретана надвор од неа

Точка

21/04/2026

17:46

327

Големина на фонт

а а а

Вчера во Њујорк се одржа светската премиера на долгоочекуваното продолжение на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“, а за време на настанот американскиот актер Стенли Тучи споделил моден совет со присутните.

На премиерата на филмот, Тучи истакнал важно правило кога станува збор за облекувањето.

„Спортска облека носете само кога вежбате, но никогаш во други прилики. Тоа е најважната работа. Освен тоа, сè друго зависи од вас. Она што јас би го препорачал е понекогаш да облечете кошула со крагна и сако“, рекол Тучи.


За промоцијата на филмот, Тучи одлучил да се појави во елегантно црно сако во комбинација со црни панталони и лакирани чевли. Својот стајлинг го надополнил со бела кошула и сива вратоврска на риги, како и очила за сонце што му дале софистициран изглед.


На премиерата, Тучи не бил единствениот кој привлекол внимание со своето издание. Таму беа и Ен Хатавеј, како и Мерил Стрип, која во филмот ја толкува легендарната уредничка Миранда Пристли, а се појавила во црвен плашт што го комбинирала со црни ракавици и очила за сонце.


Меѓу другите познати лица на црвениот килим биле и Емили Блант, Симон Ешли, Пејџ ДеСорбо, Хајди Клум и Вини Харлоу, кои со своите атрактивни изданија дополнително привлекувале внимание на оваа гламурозна вечер.