Ако ја сакате комбинацијата од чоколадо и кокос, ова е рецепт што мора да го испробате. За само 15 минути и со само три состојки можете да направите десерт кој по вкус неодоливо потсетува на популарното „Bounty“ чоколадо. Подготовката е исклучително едноставна, а резултатот е совршен десерт за секоја прилика.
Потребни состојки
Времето на подготовка е само 15 минути, но потребно е и дополнително време за ладење. Рецептот е многу едноставен за подготовка, а од состојки ќе ви требаат:
- кокос
- кондензирано млеко
- чоколадо за готвење

Подготовка
Во сад со средна големина измешајте ги кокосот и засладеното кондензирано млеко. Мешајте додека не добиете густа и леплива смеса налик на паста. Со раце обликувајте ја смесата во издолжени форми. За да не ви се лепи смесата за рацете, навлажнете ги откако ќе обликувате неколку парчиња. Обликуваните стапчиња од кокос редете ги на плех обложен со хартија за печење. Ставете ги во замрзнувач околу дваесет минути за да се стегнат.
Во меѓувреме стопете го чоколадото во микробранова печка или на пареа. Изладените стапчиња извадете ги од замрзнувачот. Користејќи две вилушки, секое стапче потопете го во стопеното чоколадо, вртејќи го за да биде целосно обложено.
Чоколадите вратете ги на плех обложен со хартија за печење. Оставете ги неколку часа на собна температура или во фрижидер за чоколадото целосно да се стегне. Потоа се подготвени за послужување.






