[ФОТО/ВИДЕО] Поради оваа снимка луѓето пишуваат дека сакаат да бидат уапсени во Шпанија: „Ја гледам по 15-ти пат …“

Точка

21/04/2026

11:46

876

Големина на фонт

а а а

Снимката е направена во пресрет на финалето на шпанскиот куп, а во неа се содржани различни упатства и предупредувања за навивачите. Но, и по завршувањето на натпреварот, видеото продолжува да се гледа со денови – дури и од луѓе кои не зборуваат шпански.

„Одам во Шпанија да направам некоја глупост за оваа дама да ме уапси“, „Да живее полицијата!“, „Немам поим што зборува, не зборувам шпански, но го гледам видеото по 15-ти пат“, „Не би бегал од неа ако ме брка“ … се редат коментарите под снимката што на социјалните мрежи ја објави шпанската полиција.

Снимката е создадена како дел од безбедносни насоки пред финалето, но и покрај тоа, вниманието го привлече од сосема поинаква причина и продолжи да се шири на социјалните мрежи.


Некои дури ѝ нудат и брак на полицајката од видеото …


Кога станува збор за финалето на шпанскиот куп, победник беше Реал Сосиедад. По изведувањето пенали, тие беа подобри од Атлетико Мадрид.