Во Буенос Аирес по победата на Бока Јуниорс против Барселона СЦ во Копа Либертадорес стана интересно, но причината не беше само фудбалот.
Репортерот на телевизијата „AZZ“, Николас Луасес, се јавуваше во живо пред стадионот Ла Бомбонера, а снимката од неговиот разговор со атрактивната навивачка Дани брзо се прошири на социјалните мрежи.
За време на разговорот откриле дека и двајцата се од истиот град, Ланус, по што репортерот ја повикал навивачката да ја заследи „AZZ“ на социјалните мрежи. „Сè се снима. Ќе ти дадам Инстаграм од ‘AZZ’“, рече тој, па додаде: „Ова го велам за подоцна да не кажат дека ти го давам мојот Инстаграм“. На тоа таа веднаш му одговорила: „Мене не би ми пречело да ми го дадеш!“.
Нејзиниот одговор ја насмеа екипата зад камерата, а Луасес потоа им се обрати на колегите: „Добро, момци, ја прекинуваме мисијата на ‘AZZ’. Ќе разберете“. Потоа ѝ порача на Дани: „Ќе се слушнеме“, а на крајот се поздравиле со бакнеж во образ.
„Каков цар“
Снимката набргу стана вирална, а реакциите беа главно позитивни. „И јас го сакам нејзиниот Инстаграм! Ја обожавам!“, напиша еден корисник на платформата X. „Каков цар“, коментираше друг, мислејќи на репортерот. „Целата приказна ме освои, ми се допадна“, „Неговиот поглед кажува сè, а девојката хипнотизира“, гласат дел од коментарите.





