Овен го предупреди Њукасл: Да го заменам него со Мурињо? Немам…

Дерби

21/04/2026

07:44

703

Големина на фонт

а а а

Њукасл игра навистина лоша сезона, сезона во која е далеку од врвот, но и од местата кои водат во Европа, ситуација која може да донесе сериозни промени ова лето.

Веќе за неколку играчи се најавува дека можат да си заминат, а под голем знак прашалник е и иднината на менаџерот Еду Хау. Хау не успева да ја врати екипата и веќе се појавуваат вести дека е можно тука да биде неговиот крај на „Сент Џејмс Парк“.

Мајкл Овен во својата кариера имаше можност да игра за Њукасл и го предупредува клубот, па и навивачите во однос на тоа што би можеле да значи заминувањето на сегашниот стратег.

-Разбирам дека на Њукасл не му оди добро во моментов, го разбирам. Сфаќам дека има фрустрација. Но, дали е тој најуспешниот менаџер? Па, тој е сигурно најуспешниот менаџер во последно време. Тој донесе трофеј за прв пат во магарешки години. Има фудбал во Лигата на шампионите. Неговите раце се полуврзани поради овие глупави правила да може да се потроши само одредена сума пари.

-Еве една личност која можете долго и напорно да ја барате за да најдете некој што е докажан, што е исклучителен тренер, кого сите навистина, навистина го ценат, што заминал и освоил трофеј, што заминал и имал толку многу успех, повеќе успех отколку што имал Њукасл во долго, долго време. И една сезона што не поминала апсолутно совршено, но не е катастрофа. Одете и погледнете го Тотенхем ако сакате да видите катастрофа! На која планета се овие луѓе?

-Она што ќе се случи е ако се разделат со Еди Хау, тој ќе се појави во тим како Манчестер Јунајтед или Челси или Ливерпул или Манчестер Сити или нешто слично, а навивачите на Њукасл ќе си помислат: „О, Боже мој, го имавме, тој беше наш херој, тој беше легенда, една полутивка сезона и одеднаш го избркавме“. Сега, знам дека не сите навивачи на Њукасл размислуваат така, но мислам, ме збунува неверојатно како луѓето би можеле да зборуваат за вакви работи. Континуитетот, лојалноста, такви работи треба да се поттикнуваат. А Њукасл го има еден од најдобрите менаџери во Премиер лигата. Бидете многу, многу, многу, многу внимателни. Ако сакате да си замине, само бидете многу внимателни. И нема да имам никаква симпатија за Њукасл следната година ако го повлечат чкрапалото, воопшто немам симпатии, -рече Овен кој за опцијата Жозе Мурињо како наследник, тој одговори:

-Ајде. Пак старата вртелешка. Би го претпочитал Еди Хау. Тој е таму, на самото место, сега ја познава областа, ги познава играчите, одличен тренер е, млад е, ентузијастичен е. Да го заменам за Жозе Мурињо? Па, немам зборови, -заврши легендата.