[ФОТО] Мелем за очи за фановите на Јунајтед: Како изгледа табелата во Премиер лигата од заминувањето на Аморим

Дерби

21/04/2026

13:11

387

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед му врачи отказ на Рубен Аморим на 5-ти јануари и годината ја започна на доста турбулентен начин, но неполни четири месеци подоцна, испадна дека одлуката на водечките луѓе беше навистина добра.

Отказот за Аморим пристигна по ремито со Лидс на „Еланд Роуд“, а иако неговиот наследник загуби од истиот тим пред извесно време, мора да се нагласи дека Мајкл Карик целосно го препороди подзаспаниот великан и направи да дојде на чекор од Лигата на шампиони.

Карик внесе позитивни ветришта на „Олд Трафорд“ и направи тимот да игра со далеку поголема самодоверба, но да изгледа и поцврсто во директните дерби пресметки.


Новиот менаџер успеа да го победи Манчестер Сити, тоа го направи и против Арсенал, а изминатиот викенд славеше и на гостувањето кај Челси во уште едно премиерлигашко дерби.

Овие бројки му одат во прилог на Карик кога е во прашање потенцијалниот нов договор кој треба да го добие од клубот, но во меѓувреме, доста интересна стана статистиката која ја извадија хрватските медиуми.

Водејќи се според бројките во одиграните 13 рунди на Карик како менаџер на тимот, Јунајтед е првопласиран тим на табелата која се води на натпревари одиграни во новата 2026-та година, а тоа дефинитивно покажува колку лош пат имаа фатено „ѓаволите“ под водство на Аморим.

По заминувањето на Португалецот, Јунајтеди ма освоено 27 бодови на 13 натпревари и е првопласиран тим на импровизираната табелата во 2026-та година, на која второпласиран е Сити со 25 бодови и со натпревар помалку.

Арсенал кој бележи пад во формата е четвртопласиран во овој период со 22 поени, додека големо изненадување во вториот дел од сезоната е Борнмут кој има собрано 25 бодови на 13 натпревари.

Кога е во прашање долниот дел од табелата, убедливо најлош е Тотенхем со само четири освоени бода од први јануари, а во тој круг се и Барнли и Волвс.