Внимавајте да не откриете премногу: Овие 7 работи никогаш не ги споделувајте со „ChatGPT“

Точка

20/04/2026

14:36

801

Големина на фонт

а а а

Вештачката интелигенција стана дел од секојдневието – од пишување мејлови до решавање деловни задачи и медицински прашања. Сепак, експертите предупредуваат дека брзината и практичноста не смеат да бидат поважни од безбедноста на податоците.

Корисниците често, во желба побрзо да ја завршат работата, несвесно споделуваат чувствителни информации со AI алатки како „ChatGPT“, без да размислат за можните последици. Иако четботот не е вистинска личност, кога станува збор за приватност – треба да се третира токму така.

Како што не би му довериле доверливи информации на непознат човек на улица, истото правило важи и за вештачката интелигенција.

Експертите издвојуваат седум работи што никогаш не треба да ги споделувате со четбот-ови:

1. Лични податоци

Име и презиме, адреса, матичен број, број на лична карта или пасош – како и фотографии од тие документи – не треба да се внесуваат во AI системи.

Ако користите chatbot за пишување CV, побарајте само шаблон кој сами ќе го пополните.

2. Финансиски информации

Податоци за кредитни картички, банкарски сметки или електронско банкарство претставуваат сериозен безбедносен ризик.

За финансиски совети подобро е да користите измислени примери.


3. Лозинки и пристапни податоци

Споделувањето на кориснички имиња и лозинки може да доведе до сериозни последици.

Овие информации не треба да се доверуваат никому – па ни на AI алатки.

4. Приватни и лични информации

Проблеми од приватниот живот, здравствени податоци или семејни ситуации не се за разговор со четбот.

AI не е доверлив пријател или советник кому се откриваат тајни.


5. Доверливи деловни податоци

Информации за компанија, проекти, финансии, патенти или деловни планови не треба да се споделуваат.

Поради овие ризици, многу компании ја ограничуваат употребата на AI алатки на службени уреди.

6. Непримерени или ризични прашања

Дури и кога се изречени на шега, одредени барања можат да бидат проблематични и дополнително анализирани од системите.


7. Чувствителни медицински податоци

AI може да помогне да разберете одредени поими, но не треба да внесувате детални информации за сопствената здравствена состојба.

Подобро е да поставувате општи прашања без лични податоци.

Вештачката интелигенција може значително да ги олесни секојдневните обврски, но носи и одредени ризици. Најважното правило е едноставно – сè што не би му го кажале на непознат човек, не го споделувајте ни со четбот.