„Oracle“ подели илјадници откази: Работниците шокирани од отпремнината

Точка

20/04/2026

08:36

1.417

Големина на фонт

а а а

Иако масовните отпуштања во технолошкиот сектор не се реткост, еден од позначајните брендови не се истакна со понудената компензација, и тоа откако работниците за отказите биле известени преку е-mail.

Забрзаниот подем на технолошкиот сектор дојде до крај, па сега многу познати компании отпуштаат дел од своите вработени. Меѓу нив е и „Oracle“, кој кон крајот на март и почетокот на април отпушти десетици илјади луѓе ширум светот, најмногу во секторите здравство, продажба, cloud услуги, корисничка поддршка и „NetSuite“.

Ова е дел од стратегијата за пренасочување на финансиските средства кон развој на вештачка интелигенција. Но, она што особено ги шокираше работниците е фактот што за отказите биле известени преку e-mail рано наутро, по што веднаш им бил оневозможен пристапот до работните системи.


Но, тоа не е сè. „Business Insider“ пишува дека „Oracle“ нуди компензација во висина од четири недели основна плата, плус дополнителна недела за секоја година работен стаж, но максимум до 26 недели.

Во споредба со другите компании, не се истакнаа. „Block“ отпушти повеќе од 40 проценти од вработените, но им обезбеди компензација во висина од 20 неделни плати, плус дополнителна недела за секоја година стаж, покриени шест месеци здравствено осигурување, бонус од 5.000 долари и можност за задржување на службената опрема.


„Meta“ минатата година на отпуштените вработени им нудеше компензација од 16 неделни плати и дополнителни две недели за секоја година стаж, додека од „Amazon“ најавија дека на отпуштените работници ќе им обезбедат полна плата и бенефиции за 90 дена, како и дополнителен пакет компензации.