МЗТ и ТФТ со тешки победи ја отворија Топ 6 фазата

Дерби

11/04/2026

17:49

123

Големина на фонт

а а а

Екипите на МЗТ Скопје и ТФТ забележаа тешки победи над Кожув, односно Тиквеш во првите натпревари во Топ 6 фазата во Суперлигата.

Бранителот на титулата МЗТ Скопје го доби Кожув со 84:75. Гостите од Гевгелија ја добија првата четвртина со 27:20, а водеа и на полувреме и на крајот на третиот период.

Меѓутоа завршните десет минути клубот од Аеродром ги доби со 25:15 и на тој начин се избори за славје над ривалот кој знае да им биде незгоден.

Дамјан Стојановски и Танасковиќ го предводеа првакот кон овој успех – реализираа по 21.поен. На „враќањето“ во тимот, Војдан Стојановски забележа 15.поени (четири скока и три асистенции), додека Смит Мексвејн го заврши овој натппревар со 12.поени (седум асистенции и шест скока).

Кај Кожув, кој сега е на скор (12-11), Боувен направи дабл-дабл од 24.поени и 14.скока, Николас го следеше со 20.поени (седум асистенции и три скока), а Пурвис застана на 14.поени (имаше и четири додавања до соиграчите).

ТФТ пак беше подобар од Тиквеш со 80:74. Гостите имаа свои моменти, но фаворитот со една моќна четвртина (третата 30:16) успеа да избори посакуван резултат.

Зафиров заврши со 20.поени (шест скока и две асистенции), Гордон имаше 17, а двоцифрен беше и Ташовски кој дојде до 11.поени (имаше и три додавања).

Кај Тиквеш Голден Игл, Хоукинс застана на ефект од 20.поени (пет скока и три асистенции), Минси имашше 15.поени и 7.скока. Бошалески додаде 11.поени (имаше и шест скока), а прд да направи пет лични грешки, Глигоријевиќ направи дабл-дабл, имаше 10.поени и 11.скока.