„Какво патување“, се првите зборови на астронаутите по слетувањето на Земјата

Макфакс

11/04/2026

11:27

689

Големина на фонт

а а а

“Какво патување”, се првите зборови кои ги слушна Контролата на летот од екипажот на мисијата „Артемис 2“, по слетувањето на капсулата „Орион“ во Тихиот океан, недалеку од Сан Диего, САД.

„Стабилни сме, 4 зелени членови на екипажот“, потврди потоа Рид Вајзман. „Зелено“ значи дека се во „одлична“ состојба, објави „Мирор“.

„Совршено спуштање на целта“, извести Роб Навијас од Контролата на мисијата.


Командант Рид Вајзман, пилот Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен влегле во земјината атмосфера во 20:07 часот по источното време, патувајќи 32 пати побрзо од звукот – со огнено спуштање какво што не е видено од мисиите на „Аполо“ на Месечината во 1960-тите и 1970-тите.


Мисијата „Артемис 2“ официјално траеше 9 дена, 1 час, 31 минута и 35 секунди, покажуваат статистиките на НАСА