[ВИДЕО] Меган Фокс направи хаос: „Го споделувам телефонскиот број со милиони луѓе за малку да се забавуваат“

Точка

10/04/2026

13:28

926

Големина на фонт

а а а

Актерката Меган Фокс предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако во видео објави дека ќе им го даде својот телефонски број на милиони обожаватели.

Многумина поверуваа дека им се посреќило, но на крајот се покажа дека станува збор за досетлив рекламен трик за брендот на сапуни „Dr. Squatch“.

Ваков маркетиншки потег и не е изненадување со оглед на тоа што Фокс неодамна на Инстаграм го блокираше својот поранешен свршеник Машин Ган Кели. Во видеото објавено во четвртокот, на 9 април, актерката се појавува во тесна кожена комбинација и со очила, а самата признала дека нејзината идеја „веројатно е лоша“, но додала дека сака „малку да се забавува“.

„Здраво, момци! Ова веројатно е лоша идеја, ама … ќе ви го дадам мојот телефонски број“, вели актерката во видеото. „Затоа јавете ми се, пратете ми порака и да се забавуваме! Бројот е 32349…“, додала таа.


Неочекуван пресврт

Токму кога обожавателите посегнале по пенкало, Фокс ја прекинала маскотата на брендот „Dr. Squatch“, со што беше откриено дека станува збор за реклама. Актерката, мајка на четири деца, потоа повторно се појавила на екранот и додала дека нејзиниот број завршува со цифрите 1 и 5. „Едвај чекам да ми се јавите“, порачала таа, по што многумина почнаа да го погодуваат остатокот од бројот.

„Ме измами“

Корисниците на социјалните мрежи набрзо во коментарите признаа дека наседнале на маркетиншкиот трик. Многумина изразија разочараност, додека други ја пофалија креативноста на кампањата.


„Брат … искрено, бев подготвен да го запишам бројот. Ме измами“, напишал еден корисник. Друг коментирал: „Човеку, кој е бројот?!“, додека трет разочаран обожавател додал: „Сурова шега (ги купувам акциите на Dr. Squatch)“.

Многумина, сепак, биле импресионирани од тактиката. „Одличен начин да се привлече внимание“, стои во еден коментар. „Маркетинг тимот заслужува покачување!“, се согласил друг. Еден корисник се пошегувал: „Некои случајни броеви наскоро ќе бидат затрупани со повици.“

Професорка во нова улога

Фокс е последната во низата славни личности што го промовираат брендот „Dr. Squatch“, а пред неа во рекламите се појавуваше и актерката Сидни Свини. Во друго видео објавено на профилите на брендот, 39-годишната актерка се претставува како „главна професорка во фондацијата на Dr. Squatch за извонредност на мириси“.


„Дали сте изморени од непријатни мириси? Јас можам да го поправам тоа. Раните уписи се отворени. Се гледаме на настава!“, порачува Фокс во видеото. Во описот на објавата, брендот ги повика сите оние што „не успеале да го запишат бројот“ да го посетат линкот на нивниот профил, каде што можат да се пријават за „ексклузивната понуда на професорката Фокс“.