Диего Чоло Симеоне, харизматичниот предводник на Атлетико Мадрид, чекаше 15 години и дочека да ја победи Барселона на „Ноу Камп“. Атлетико, синоќа го доби првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите (2:0).
Диего Симеоне е тренер на Атлетико од декември 2011 година, а во кариерата само два пати победил во Барселона. Минатата сезона, во првенството, Атлетико победи 21, со голот на Александер Серлот во 96-та минута, но тој натпревар се играше на Олимпискиот стадион во Барселона, поради реконструкцијата на „Ноу Камп“.
Синоќа, Аргентинецот прв пат во кариерата со „јорганџиите“ славеше на култниот стадион.
Шпанците големо внимение посветија на неговата реакција по победата. Симеоне, се упати кон соблекувалната десетина секунди пред Иштван Ковач да означи крај на натпреварот.
Чоло замина во соблекувалната без да се поздрави со колегата Ханси Флик, кој потоа се жалеше на судењето и фудбалерите на Барселона. Овој негов гест се толкува дека Чоло дека работата е далеку од завршена и дека во вторник, него и неговиот тим ги очекува тежок реванш на „Метрополитано“.
„Многу е тешко да се победи на овој стадион. Жал ми е што не им нанесевме поголема штета кога бевме со играч повеќе“, рече Симеоне и додаде:
„Во фудбалот, прецизноста е најважна, а ние бевме прецизни. И создадовме проблеми на Барселона во секој натпревар затоа што знаеме дека одбраната им стои високо. Секогаш создаваме многу шанси против нив. Сигурен сум дека, во втроник, ќе нè натераат многу да страдаме“, заклучи Симеоне.
Да ве потсетиме дека Атлетико неодамна ја елиминираше Барселона во полуфиналето на шпанскиот Куп. Беше 4:0 во Мадрид, а Барса победи со 3:0 во реваншот.








