Пау Кубарси го прекина молкот и се јави ова претпладне за директното влијание кое го имаше врз резултатот на натперварот против Атлетико Мадрид, а во својата објава на социјалните мрежи експресно доби голема поддршка од своите соиграчи.
Младиот стопер реагираше доста наивно и го собори Џулијано Симеоне пред крајот на првиот дел, па покрај тоа што заработи директен црвен картон, многу брзо се соочи и со двојна казна.
Хулијан Алварез режираше ремек-дело од слободен удар и донесе водство за Атлетико, додека во продолжение гостите го зголемија водството и со предност од 0:2 се враќаат дома.

Овој резултат им дава убава позитива пред реваншот, а Кубарси како главен виновник за ваквото сценарио реши да испрати кратка порака преку социјалните мрежи.
– Една акција го одредува натпреварот и конечниот резултат. Тоа е фудбалот и јас ја преземам одговорноста за резултатот. Сепак, се уште има долг пат до крајот на овој двомеч, а ние сме пообединети од било кога. Ние сме семејство и секогаш сме го покажувале тоа. Се движиме напред со труд и решителност, никогаш нема да се откажеме, – порача Кубарси.








