Марсело испиша историја во Реал Мадрид и ги освои сите најважни титули што можат да се освојат, па како легенда која ја заврши кариерата со пет освоени титули во Лигата на шампиони, Бразилецот вели дека би го менувал тој подвиг само за едно нешто.
Во опуштениот разговор кој го водеше со својот сонародник Ромарио, Марсело дава одговори на навистина интересни теми, а две прашања посебно се најдоа во центарот на вниманието.
Ромарио го запраша Марсело дали би ги менувал петте титули во Лигата на шампионите за еден трофеј на Светското првенство, по што левиот бек по мало размислување го даде следниот одговор:
🚨| “You faced both Cristiano Ronaldo and Messi, who was the tougher?”
— FÚTBOL HUB (@futbol_hubX) April 8, 2026
▪️Marcelo:
🗣️ “Messi, but man, Messi was...very extraordinary..” 👀 pic.twitter.com/HKPXoeqKR5
– Тоа прашање е навистина многу тешко, но ќе бидам искрен со тебе. Би ги менувал петте титули во Лигата на шампиони само за светската титула, – изјави Марсело, по што Ромарио побара од него да каже кој е потежок ривал од Роналдо и Меси.
– Меси, се уште го барам на теренот и ден денеска. Тој извонредно ја читаше играта и ги сфаќа сите позиции на теренот. Тој беше навистина неверојатен, – посочи Бразилецот.








