Донарума: Приказната која исплива во јавноста боли повеќе и од поразот од Босна

Дерби

09/04/2026

13:24

405

Големина на фонт

а а а

Џанлуиџи Донарума како капитен на Италија најтешко го прифати поразот во Зеница и остави доста лоша слика на теренот, но чуварот на мрежата на Манчестер Сити се најде и на удар во јавноста поради приказната која ја презентираа италијанските медиуми.

Дел од печатот откри дека Донарума и уште неколку соиграчи барале бонуси од Федерацијата во случај да се оставри пласман на Светско првенство, а бидејќи на крајот не дојде до такво нешто, очајот на „чизмата“ ќе продолжи и во наредните четири години.

Италија трет пат во низа нема да биде дел од Светско првенство, но Донарума повеќе го повредила лажната приказна која се прошири во јавноста во моменти кога сите играчи патеа од епилогот.

– Приказната која се пласираше во јавноста ме болеше најмногу, повеќе и од поразот. Како капитен на италијанскиот тим, никогаш не сум побарал ниту евро. Повикот за националниот тим е подарок за секој играч, можам да тврдам дека ниту еден играч не побарал нешто од никого. Наш подарок требаше да биде пласман на Светско првенство, но за жал не се случи тоа, – изјави Донарума, кој се уште нема дебитирано на еден мундијал.

По третото фијаско во низа, во италијанскиот фудбал следеше мал потрес и оставки си поднесоа Гравина, Буфон и Гатузо, личности за кој Донарума има само позитивни коментари и покрај неповолниот епилог.

– Имав извонреден однос со Џиџи, Рино и Гравина. Навистина ми е многу жал за нив, сите преземаме одговорност, но тажно е што приказната завршува вака. Сакам да им се заблагодарам за се она што го направија во изминатиот период, – заврши Џиџио.