Уште една германска легенда распали по Реал Мадрид: Мислат дека се над сите, тоа е најантипатичниот клуб во Европа

Дерби

07/04/2026

13:25

355

Големина на фонт

а а а

Лотар Матеус вчера јавно го искритикува Реал Мадрид за односот кој го покажа како клуб во 2024-та година, но „кралскиот клуб“ наиде на уште посериозни критики од друга германска легенда во најавата за мечот со Баерн Минхен во Лигата на шампиони.

Матеус вчера се задржа на бојкотирањето на церемонијата за „Златната топка“ и нагласи дека голем клуб како Реал не смее да прави такви нефудбалски потези, но уште пожесток денеска е Маркус Бабел кој е поранешен член на Баерн, но и Ливерпул.

Легендарниот дефанзивец го смета Реал Мадрид за најантипатичен клуб во Европа, па тоа прави со уште поголема страст да навива за Баерн Минхен.

– Реал Мадрид е најантипатичен клуб во Европа и ќе биде извонредно ако Баерн мине во полуфиналето. Односот на Реал Мадрид како клуб во последните години е целосно неспортски.

– Нивниот однос нема никаква врска со чиста игра и добивам впечаток дека се смеаат за супериорни во однос на другите. Мислат дека се над сите и тоа многу ме иритира, прави да ми бидат целосно антипатични. Најдобар доказ за тоа е „Златната топка“. Ако наградата не оди во рацете на нивни фудбалер, тие го бојкотираат настанот. Тоа е огромно непочитување кон цело фудбалско семејство и затоа веќе не ги почитувам како клуб. За мене сега се неверојатно антипатични, – потенцира Бабел во изјава за „Скај“.