Малерозниот Влаховиќ ја заработи најбизарната повреда во својата кариера пред да влезе во игра

Дерби

07/04/2026

13:22

314

Големина на фонт

а а а

Душан Влаховиќ дефинитивно нема среќа во сезоната која тргна добро за него на голгетерски план, па после паузата од речиси четири месеци поради руптура на адукторот, сега Србинот повторно се соочува со нови проблеми.

Малерозната сезона продолжи на вчерашниот натпревар со Џенова, и тоа во моментите кога напаѓачот се подготвуваше да влезе во игра.

Лучијано Спалети во најавата со мечот нагласи дека Влаховиќ ќе биде опција од клупата и дека ќе добие шанса во вториот дел, па иако го испрати на загревање, до такво нешто не дојде.

Влаховиќ се соочи со проблем за време на загревањето и ја заработи најбизарната повреда во својата кариера, а ова попладне ќе се знае повеќе околу тежината на истата.

Србинот го повредил листот на ногата и веќе е во медицинскиот центар на Јувентус каде му се прават прегледи, па во наредните неколку часа ќе биде познато колку долго ќе отсуствува од теренот.