Герасимовски: Бесплатни прегледи, спортски игри и активности со младите, пензионерите активно учествуваат во проектите на Центар

Макфакс

03/04/2026

12:45

124

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Општина Центар ,Горан Герасимовски, одржа средба со претставници на Здружението на пензионери на Општина Центар, на која се разговараше за тековните и претстојните проекти, како и за поголемо вклучување на пензионерите во активностите што ги спроведува општината.

На состанокот, градоначалникот ги повика пензионерите да ја искористат можноста за бесплатни здравствени прегледи и консултации со тим специјалисти, што ќе се одржат во понеделник во општинскиот Младински центар Матично , во пресрет на Светскиот ден на здравјето.

„Здравјето е најважно! Дојдете, проверете ја вашата здравствена состојба и искористете ја можноста за стручни совети од лекарите“, рече Герасимовски.

На средбата во фокус беше и проектот „Застапеност на своевремениот наставен предмет домаќинство во образовниот процес во соработка со пензионерите“, преку кој учениците од седмите одделенија учат практични вештини од искуството на повозрасните, шиење, кроење, плетење и везење, подготовка на здрави оброци, како и сликање и дизајнирање.

Во мај се планирани нови активности за пензионерите : „Носталгија за Корзо во Општина Центар“, со прошетки, игранка на отворено и сеќавања на старите добри времиња , екскурзија и спортски игри.

Со ваквите иницијативи, Општина Центар продолжува да поттикнува активен живот, размена на искуства и вклученост на сите категории граѓани.