На 2 април попладне, во Пробиштип пристигнала пријава од Итната медицинска помош дека во семеен дом во село Добрево бил пронајден маж со прострелна рана.
Неговиот татко го затекнал во домот и веднаш била побарана медицинска помош, по што случајот бил пријавен и во полиција.
По извршениот увид и разговорите со таткото и братот, било посочено дека повредата настанала истиот ден, на место викано „Чукар“, во атарот на селото Марчино, додека мажот го чистел своето ловечко оружје.
Повредениот е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана понатамошна медицинска грижа.
Од местото на настанот била подигната ловечката пушка со патрони, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип. Се преземаат мерки за негово расчистување.








