Лавров: Во НАТО и ЕУ се забележуваат кризни услови

Макфакс

03/04/2026

11:29

167

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денес изјави дека во НАТО и ЕУ се забележуваат кризни услови.

Гледаме кризни феномени во Северноатлантската алијанса и во Европската унија“, рече Лавров на средбата со генералниот секретар на Шангајската организација за соработка (ШОС) Нурлан Јермекбаев во Москва, пренесува РИА Новости.

Лавров додаде дека Русија гледа обиди за ослабување на ШОС, но ќе направи сè што е можно за да ги спречи.

Русија ќе продолжи да ѝ дава поддршка на Шангајската организација за соработка (ШОС) во спроведувањето на веќе договорените принципи, изјави Лавров, нагласувајќи дека оваа организација во современи глобални околности покажува стабилност и отпорност и покрај надворешните притисоци.